Хорор-повреда на најдобриот стрелец на Рен – врескаше од болка (ВИДЕО)

Екипата на Рен на подолг период ќе остане без најдобриот стрелец, Марцан Терие, кој заработи тешка повреда на ногата по точно половина час од вечерашната пресметка на домашен терен против Ница.

Тој во дуел со Џордан Лотомба лошо нагазна на топката (види ТУКА), по што остана да се превиткува и да вреска од болка. Лекарскиот тим веднаш дојде да му помогне, а набрзо потоа беше изнесен од теренот. За тежината на повредата повеќе ќе се знае утре.

Терие уште во петтата минута донесе водство за Рен, што беше негов деветти погодок сезонава во Лига 1, а 12 минути подоцна му беше поништен уште еден гол поради офсајд. Баркли во 21. минута го изедначи резултатот.

- Реклама -