Хонгконг: Милиони Кинези протестираа, па си ги исчистија улиците

По масовните протести во Хонгконг пред неколку дена, демонстрантите се вратија и го исчистија ѓубрето од улиците на кои протестираа, оставајќи ги беспрекорно чисти.

Се проценува дека на последниот протест, кој се смета за најголемиот во историјата на Хонгконг, присуствувале над 2 милиона демонстранти. Дел од нив се вратија во текот на ноќта за да ги исчистат улиците, пишува The Independent.

 

„Демонстрантите поминаа уште еднаш, за последен пат по улиците, за да го соберат отпадот“, напиша авторот Конг Цун-ган на Твитер во раните утрински часови следниот ден. „Два милиона луѓе протестираа вчера овде, местото беше окyпиpaно цела вечер, а сега нема ни тронка отпад по улицата“, додава тој.

„Бев таму и видов со свои очи“, вели Ени Чен – учесник во протестите. „Видов млади луѓе со вреќи за ѓубре кои ги чистеа улиците. Имаше многу кои им се придружија во чистењето“.

Покрај за извонредната еколошка свест, учесниците во протестите исто така беа пофалени и поради тоа што без проблем ги пропуштале возилата на Брзата помош за време на протестите, за да можат да им укажат помош на повозрасните лица и децата.

„Кога амбулантните возила доаѓаа, луѓето напред сигнализираа со раце кон луѓето поназад да се поместат и да направат пат“, раскажува Чен. „Луѓето дефинитивно мирни, но не значи дека не беа и гневни“.

Демонстрантите ги напуштија улиците на Хонгконг во понеделникот, избегнувајќи евентуални cyдири со полицијата, но останаа во близина на владината зграда за да ги изложат своите барања за оставка на лидерката Кери Лам и за повлекување на законот кој дозволува екстрадиција на луѓе во Кина. Лам се извини поради спорниот закон и објави дека истиот ќе биде одложен на неопределено време. Сепак, нејзините противници настојуваат дека тоа не е доволно и бараат таа да поднесе оставка.

„Нашите барања се едноставни: Кери Лам треба да ја напушти функцијата, законот за екстрадиција да биде повлечен, а полицијата да се извини за тоа што употреби нacилcтво врз сопствените граѓани“, вели еден од демонстрантите.

- Реклама -