Honda претставува интересен концептен приоект, кој ќе дебитира во Франкфурт следната недела.
Станува збор за Active Life, кој се базира на Civic Tourer и е предвиден за луѓето кои често возат велосипеди.
Во основата на студијата стои подвижен држач за тркала, кој се демонтира, за да се олесни нивната поставеност. Возилото има место за двајца патници, а во опремата влегуваат уште посебно светло на задниот капак и багажник за на покрив.
Погонот е стандарден и доаѓа од најекономичниот 1.6-литарски дизел мотор со 120 КЅ. Токму со овој мотор луѓе од тимот на Јапонците поставија рекорд за просечна потрошувачка од 2.82 литри на 100 километри на маршрута од над 13.000 km.