Honda Asimo со свое европско деби

Последната генерација на хуманоидниот робот од Honda, ASIMO, имаше свое европски деби во Брисел.

Целосно новиот ASIMO, за кој од Honda планираат да им помага на луѓето по потреба, е надграден со неколку значајни технолошки достигнувања на своите претходници. Тој сега има подобрена интелигенција, подобра умешност, вештината да трча побрзо, како напред, така и наназад, да се искачува или слегува по скали многу полесно и дури да подрипнува.

Honda создаде совршен робот за практични цели и негова употреба во домаќинството или каде да е потребна помош. ASIMO покажува и голем број на други вештини, со можности дури и за донесување на одлуки, кои за возврат му овозможуваат да го прилагоди своето однесување спрема околината во реално време.

ASIMO веќе може да препознава лица и гласови на некои луѓе, кои зборуваат истовремено. ASIMO може да ја престане тековната активност и да го промени своето однесување во зависност од желбата на соговорникот. Пример, ASIMO успева да предвиди насоката во која човекот ќе тргне и веднаш да смени правецот на движење, за да спречи судир.

ASIMO исто така може и да трча назад, да скокаат и да подрипнувајќи продолжено на една нога. Целосно новиот ASIMO располага со високоиновативни, вешти раце со прсти. Во комбинација и со технологијата за препознавање на објекти, тој извршува сложени задачи како што се да крева шише и да го одвртува капачето да држи мека картонска чаша и налева течност во неа, без да ја „скрши“.

Висина                           130cm
Тежина                             50kg (4kg полесна од својот претходник)
Слобода на движење       57 степени слобода на движење (за 23 степени повеќе од претходниот модел)
Брзина на трчање             9km/h (претходникот: 6km/h)

Паралелно со неговото деби се промовира и персонален пренослив уред UNI-CUB β (бета), која користи достигнувањата на Honda во омни-дирекционите погонски систем и користат технологија за балансирана контрола, позната од развојот на Honda во бипедалните хуманоидни роботи. Овие технологии му овозможуваат на UNI-CUB β да се движи напред, назад, странично и во дијагонала само со пренесување тежината на телото и поместување во бараната насока.

- Реклама -