Холивудските ѕвезди со нова диета

Gwyneth Paltrow, Kirsten Dunst, Jennifer Aniston и Victoria Beckham се следбенички на новата алкална диета по чиј режим во организмот морате да внесувате само 30 отсто кисела храна, како pH вредноста на телото би била помеѓу 7, 35 и 7,45.

Ако вашите новогодишни одлуки да трошите помалку или да се воздржувате за алкохол, зошто да не ја испробате новата диета по која „полудеа“ холивудските ѕвезди?

Најновата диета омилена на славните е алкалната диета која се состои од исхрана со алкални продукти. Со нивна помош pH вредноста во организмот се оддржува помеѓу 7,35 и 7,45. Промотерите на диетата тврдат дека освен слабеење, овој режим на исхрана помага и во лекување на разни болести. Иако не изгледа како да треба да биде на диета, витката Викторија Бекам е воодушевена од диетата, а веќе ја користат Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и Кирстен Данст.
Alkalna-dijeta

Строгиот режим предупредува дека не смеат да се конзумираат продукти кои предизвикуваат киселост, како скроб и житарици, а на листата на забранети продукти се наоѓаат и тестенините, пченицата и гравот, сите млечни производи, месо, риба и школки. Забранети се и чај, кафе, шеќер, газирани пијалоци и алкохол.

Викторија Бекам на Твитер ја сподели фасцинацијата од новиот програм на исхрана, и ја пофали книгата со рецепти на Vicki Edgson и Natasha Corrett.
По нивната програма, барем 70 отсто од исхраната треба да биде алкална, додека останатите 30 отсто може да бидат кисела храна. Тоа во основа значи само многу овошје и зеленчук. Авторките на книгата тврдат дека киселата храна е потешка за организмот бидејќи прави кисели остатоци во крвта што ги оптеретуваат црниот дроб и бубрезите.

Доколку правилно се применува, овој режим на исхрана ја подобрува меморијата и дава многу енергија, ја лекува главоболката, болката во мускулите и несоницата.

- Реклама -