Миленикот на жените Џерард Батлер беше фатен од папараците како гали секси непозната жена на брегот на Калифорнија.Сцените се фотографирани на паркингот меѓу комбиња. Заводникот сигурно си помислил дека се насамо и се препуштил на страст, без да може да се изконтролира. Откако страсно се бакнувале во текот на неколку минути, двајцата почнале да пуштаат раце на различни делови од телото, вклучувајќи го и задникот.
За голема жал на папараците огнометот на страста изгаснал толку брзо како што и започнал. Едноставно му заѕвонел телефонот на Џерард, а и парот веројатно ги забележал скриени во грмушки барателите на визуелни сензации.