Холивуд е преполн со убавици кои секојдневно ги полнат страниците на таблоидите и чиј приватен живот е предмет на интерес низ целиот свет. Но малкумина знаат дека некои од нив потекнуваат токму од Балканот – Македонија, Србија, Косово, Хрватска. Дознајте од каде влечат корени овие светски популарни ѕвезди…
Доколку не сте слушнале за старлетата Коко, сопругата на раперот Ајс Ти, во тој случај вие сте сигурно личност која не поминува доволно време на интернет. Облините на русокосата го разбуди интересот на милион луѓе ширум светот. Сепак, малкумина знаат дека Коко има српско потекло.
„Моите баба и дедо се од Југославија“ изјавила старлетата во едно интервју, а во голем број портали пишува дека нејзината баба е токму од Србија.
Колумбиската ѕвезда Шакира исто така „влече“ балкански корени. Имено, нејзиниот татко Вилијам Мебарак Чадид по потекло е половина Либанец, половина Македонец. За овој факт може да се прочита на голем број угледни светски сајтови, а Guardian е само еден од нив.
Поранешната сопруга на проблематичниот Чарли Шин, Дениз Ричардс, од една страна влече хрватски и велшки корени, а од друга француски и германски.
Ѕвездата на латино-американските сапуници, Габриела Спаниќ, преку нејзиниот дедо влече корени од Хрватска. Глумицата своевремено ја посети Хрватска, но и Србија, настапувајќи во Гранд шоуто.
И прекрасната Мила Јововиќ има балкански корени, како што впрочем може да се забележи и од нејзиното презиме. Нејзиниот татко Богдан Јововиќ бил доктор во Киев, каде што ја запознал нејзината мајка, русинката Гилана. Подоцна тие емигрирале во Америка, каде работеле како куќни помошници. Според некои извори Мила влече корени и од Косово, додека некои пак шпекулираат дека има и црногорски предци.
Рита Ора е родена во Приштина во 1990 година, а со родителите побегнала во Лондон кога имала само една година. Пејачката минатата година дури и сними спот во Косово за песната Shine Ya Light.