Холивуд подготвува филм за Лео Меси

Најдобриот фудбалер на денешницата, Лео Меси наскоро ќе се најде на филмското платно, продуцентската куќа Epic Pictures Group најави дека ќе сними филм за Аргентинецот.

Холивудската продуцентска куќа Epic Pictures Group ги откупи правата на биографската книга ’МЕСИ: Приказна за момчето што стана легенда’ на спортскиот новинар Лука Каиоли, и најави дека ќе сними филм во стилот на ’Роки’.

Директорите на компанијата веќе се во потрага по сценаристи и режисери за да се направи адаптација на книгата.

Се очекува филмот да има премиера во 2014, во пресрет на Светското Првенство во Бразил.

Продуцентите сакаат да се фокусираат на приказната за детството на Меси, неговите скромни почетоци, како тој ги надминува физичките недостатоци и прераснува во еден од најдобрите фудбалери во историјата.

„Целта е да се направи силен и позитивен филм, кој ќе ја инспирира публиката да ги брка своите соништа без разлика колку тие изгледаат невозможни” – рече Патрик Ивалд од Epic Pictures Group.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -