Холанѓанец му се обрати на Заев во врска со историјата

Холанѓанец реагира на последното интервју на Зоран Заев. Адриан Ван Дер Флиер на Фејсбук му порача на Заев дека Македонија не краде историја и дека Заев како премиер многу зборува и носи одлуки надвор од неговата компетенција, што не е манир на Премиер со европски менталитет.

– Не сум Македонец, ама живеам овде од 1991 година. Ја изучував тешката историја на регионот и специјално на Македонија, повеќе и од западни историчари и писатели. Регионално, дали во Бугарија, Србија, Албанија или Грција се отруени со фашизоиден национализам. Македонската историја има неколку прашања, ама нема крадење, има заедничка античка историја. Македонците имаат исто право за Александар Велики како Грците, чиј окупатор бил… Господине премиер, многу зборувате, денес вака утре така, со совети и одлуки надвор од вашата компетенција. Така не се однесува еден премиер со европски менталитет. Жал ми е, пишува во реакцијата на Фејсбук Ван Дер Флиер.

- Реклама -