Едно од најдобрите нешта кога полека учиш нов јазик е кога ќе почнеш да ги разбираш шегите за кои претходно си немал абер да ги разбереш, порачува на Твитер холандскиот амбасадор во Македонија – Ваутер Пломп. Во тој контекст, тој сподели и еден фин пример од македонската твитер хумористична ризница – имено, твит во кој јасно е истакната важноста на кирилицата и разликата во тоа да пишеш „ти праќам гушки“ и „ti prakam guski“.
One of the best parts of slowly learning a new language: understanding jokes I had no clue of a year ago https://t.co/arVmUr8Tcl
— Wouter Plomp (@NLAmbPlomp) January 8, 2019