„Холандската Венеција“ – град без патишта

Гитхорн е шармантен град лоциран во холандската провинција Оверејсел.

Целосно без автомобили и со повеќе од шест километри канали, единствениот начин на транспорт во овој извонреден град е со чамец по водните патишта.

Тишината, просторот и природата го прават патувањето низ „холанската Венеција” навистина незаборавно.

 

Гитхорн е познат по својата идилична убавина, езера, цвеќиња и дрвени мостови, кои се повеќе од 180. Овие мостови се единствениот начин да се стигне до поголемиот дел од куќите и речиси сите од нив се изработени целосно од дрво.

Локалните луѓе  користат  чамци за да се движат, а автомобилите со кои пристигнуваат туристите, треба да бидат паркирани на крајот од населеното место. Градот е основан во почетокот на XIII век од  монаси.

 

Гитхорн стана познат дури по 1958 година, кога холандски режисер сними комедија на оваа локација. Потоа гратчето се претвори во вистинска туристичка атракција.

Многу од неговите  (околу 3.000 ) жители, живеат во куќички со сламени покриви и бујни градини. Тие се пријателски настроени кон туристите, а  во малите кафулиња, лоцирани помеѓу каналите, може да се најде вистински одмор.

Заедно со каналите и мостовите во Гитхорн има и бројни велосипедски и пешачки патеки. Се нудат  чамци со кои туристите можат да ја запознаат холанската провинција, исполнета со земјоделски живот и бескрајни полиња, меѓу теченијата.

- Реклама -