95 евра ќе биде казната за тие што ќе користат мобилни уреди додека возат велосипед во Холандија. Забраната стапува на сила на 1 јули, а целта, секако, е да се намали бројот на велосипедски несреќи.
Во 2017-та во Холандија загинале 207 велосипедисти. Според експертите, за еден од четири несреќни случаи на велосипед „виновни“ се мобилните.
„Користењето на мобилен за време на возењето велосипед е опасно. На луѓето многу јасно ќе им дадеме до знаење дека ова е нов пропис кој треба да се почитува и кој имаме намера строго да го спроведуваме“, изјави министерот за правда – Фердинанд Граперхаус.
Употребата на мобилен телефон за време на возење автомобил, пак, одамна е забранета. Во Холандија казната е 240 евра.