Холандија ги затвара затворите – ѝ снемуваат криминалци

Во 2013 година, Холандија стави катанец на 19 затвори, бидејќи во оваа земја нема доволно криминалци за истите да бидат пополнети. Сега истата судбина ги чека уште пет нови затвори.

13-10-2014%20Prison%20Bars-Hands[1]Иако со овој потег околу 2.000 луѓе останаа без работа, а само 700 од нив беа распоредени на други работни места, трендот на затворање на затворите се јавува како резултат на постојаниот пад на бројот на кривични дела уште од 2004 година.

Според толкувањата на локалните експерти, постојат многу фактори кои придонесоа за овој тренд, меѓу другите, сé поопуштените закони кои се однесуваат на употребата на наркотици, фокусот на рехабилитација наместо на казна и форсирање на носење на електронски ножни појаси пред луѓето да можат повторно да се интегрираат во системот.

Прочитајте и:  Холандија побара да ја напушти заедничката регулатива на ЕУ за азил

Една студија објавена во 2008 година покажа дека со носењето на овие ножни појаси се намалува бројот на оние кои му се враќаат на криминалот, и тоа за половина во споредба со повратниците кои одлежувале традиционална затворска казна. Наместо осудените да трошат време во затворска ќелија и јадат храна на сметка на даночните обврзници, тие добиваат шанса да се вратат на работа и да придонесуваат во општеството.

Така, во Холандија – земја со 17 милиони жители, има само 11.600 затвореници. За споредба, во САД има најмногу затвореници во светот – дури по 716 криминалци на секои 100.000 граѓани.

- Реклама -