Холандија ги преживеа продолженијата – пеналите ќе решаваат за полуфинале

Холандија ги преживеа 30 минутните продолженија во пресметката со Аргентина, откако магично успеа да се врати во мечот после негатива од 0-2, на крилата на џокерот на Луј Ван Гал, Веиг Вегхорст.

Холанѓаните имаа среќа зашто Енцо Фернандез во 120-та минута подоги дирек, а голманот Ноперт одбрани еден опасен шут на Лаутаро Мартинез, а Вирџил Ван Дијк изблокира шут на напаѓачот на Интер, но „лалињата“ успеаа да издржат.

Сега пеналите ќе решаваат за полуфиналето, исто како на првиот денешен меч помеѓу Бразил и Хрватска.

- Реклама -