Хобитот: Збогување со Гандалф и Леголас

Иан Мекелен помина 15 години глумејќи го волшебникот Гандалф, еден од главните ликови на триологијата „Гоподар на прстените“ и „Хобитот“ а сега ја сними и последната сцена во оваа улога. Питер Џексон, режисерот на сите шест филмови снимени според делата на Џ.Р.Р. Толкин, на неговата официјална Фејсбук страна постави фотографија со Мекелен.

„Пред неколку секунди ја завршивме последната сцена со Гандалф. Ова е крај на неверојатната авантура која започна уште во 1999 година. Многу сум тажен“, напишал Џексон под фотографијата.

Покрај Мекелен и актерот Орландо Блум ги сними последните сцени во улогата на елфот Леголас, а Џексон од него се поздрaви на посебен начин. Имано, на неговата Фејсбук страна постави видео на кое се гледа како Блум непрекинато ја пее „They’re Taking the Hobbits to Isengard“.

Второто продолжение на триологијата „Хобитот“, ќе биде прикажана на 14 декември, додека послениот дел ќе виде прикажан на 13 декември 2014 година.

[youtube]http://youtu.be/5NGguk8VXYc/youtube]

- Реклама -