Евтиниот бренд H&M ќе се спои со париската авангардна модна куќа Maison Martin Margiela, за нивната последна дизајнерска колекција за сезоната есен-зима 2012-2013.
Линијата на која ќе се потпише Maison Martin Margiela ќе опфати машка и женска облека и модни додатоци, а ќе стартува на 15 ноември, 2012 година. Лимитирана модна колекција ќе биде достапна во 230 продавници на H&M ширум светот, како и онлајн.
Брендот е познат по дизајнерските соработки со дизајнери на висока мода, како што се Версаче, Марни, Џими Чу, Ланвин и многу други.
{youtube}AmbBNyK4B7A{/youtube}