Александар Хлеб против Вардар

Белорускиот шампион Бате Борисов на нашиот најтрофеен клуб, Вардар, најверојатно во 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе му се спротистави и со еден од најдобрите фудбалери во историјата на белорускиот фудбал, 31-годишниот Александар Хлеб.

Како што информираа домашните медиуми, поранешниот фудбалер на Штутгарт, Арсенал, Волфсбург и Барселона, кој изминатава сезона настапуваше за Крилја Советов, во моментов тренира со екипата на Бате Борисов па се очекува како слободен агент да им се приклучи во новата сезона.

„Неколку денови Хлеб тренира со нас. Тоа не е непозната пракса, познати фудбалери во одреден период за време на паузата да тренираат на домашен терен додека не дојдат до нов ангажман. Ние секако сакаме да го ангажираме во нашите редови. Наредниве денови ќе имаме разговори на оваа тема и доколку се договориме ќе бидам презадоволен што добивам во својот тим играч од европски калибар“ – вели тренерот на Бате Борисов, Виктор Гончаренко.

- Реклама -