„Хитлер ќе ги обожаваше друштевените мрежи“

Хитлер би бил воодушевен од друштвените мрежи, смета Боб Ајгер – главниот извршен директор на „Дизни“.

Тие се совршената и дефинитивно најмоќната маркетингшка алатка за ширење омраза, која Хитлер дефинитивно би ја користел во своја полза, рекол Ајгер на настанот во центарот „Симон Визентал“ во организација на еврејски организации за човекови права.

„По својот дизајн, друштвените мрежи одржуваат тесен поглед на светот кој филтрира сè што ги доведува во прашање нашите уверувања, додека од друга страна постојано ги потврдуваат тие наши уверувања и ги засилуваат нашите најдлабоки стравови“, објаснил тој. „Друштвените мрежи овозможуваат злото да ги демне подложните умови и изгубените души, и сите ние знаеме дека news feed-овите на друштвените мрежи можат да содржат повеќе фикција отколку факти, пропагирајќи злонамерни идеологии за кои нема место во цивилизираното општество кое го цени човечкиот живот“, рекол Ајгер.

Прочитајте и:  Во Австралија нема да има потреба од давање на лични податоци на социјалните мрежи

 

Во склоп на ваквите коментари, Ајгер ги повикал американските политичари да ја отфрлат „омразата во сите нејзини форми“ во очи на претседателските избори следната година во САД.

- Реклама -