Хитлер играл шах со Ленин?

Повеќе... Излезе на виделина слика стара 100 години на која е прикажан младиот Адолф Хитлер како игра шах со Владимир Ленин. Се вели дека сликата која на задната страна е потпишана од двајцата диктатори била направена во Виена од страна на професорката по уметност на Хитлер.


chess_1474122c.jpgИзлезе на виделина слика стара 100 години на која е прикажан младиот Адолф Хитлер како игра шах со Владимир Ленин. Се вели дека сликата која на задната страна е потпишана од двајцата диктатори била направена во Виена од страна на професорката по уметност на Хитлер.

Хитлер бил „уметник во гладување“ во 1909, а Ленин – во егзил, а куќата во која наводно тие ја играле партијата шах му припаѓала на угледно еврејско семејство. Пред да  започне Втората Светска Војна ова еврејско семејство побегнало и голем дел од нивната сопственост, вклучувајќи го и цртежот и шаховската табла ѝ припаднале на жената која ја одржувала куќата.

Сега нејзиниот пра-пра правнук ги продава цртежот и шаховската табла на аукција.  Анонимниот продавач е убеден дека тие се вистински, бидејќи неговиот татко го поминал целиот свој живот обидувајќи се да ја докаже нивната автентичност. Тој за таа цел собрал судски документи од 300 страници што вклучуваат тестирања на хартијата, потписите и други истражувања. Експертите, сепак, се сомневаат во автентичноста, особено во идентификувањето на Ленин, за кој велат дека можеби е заменет со некој од неговите соработници.

Кога цртежот бил направен, Хитлер имал 20 години, а Ленин бил двојно постар, додека куќата била место каде политичките фигури во тоа време се собирале да дискутираат. Цртежот со наслов „Шаховска игра: Ленин со Хитлер – Виена 1909.“ ја разгоре фантазијата со прашањето што би можеле да зборуваат двјацата луѓе кои ја моделираа историјата доколку сликата би била автентична.

Ленин веќе бил влијателна фигура во Русија кога после револуцијата заминал во егзил патувајќи низ Европа и пишувајќи ја „Материјализам и Емпирио-критицизам“. Познат е фактот дека Ленин бил германски агент, а куќата на цртежот било познато место за размена на политичките идеи во тоа време.

Според историчарката Helen Rappaport, пак, цртежот е само едно „големо дело на фантазијата.“ Според нејзе, во 1909 Ленин бил во Франција и не постојат докази дека ја посетил и Виена. Иако Ленин имал обичај и сакал да оди во Виена, тој веројатно не престојувал таму доволно долго за да го сретне младиот Хитлер. Тој исто така бил ќелав од 1894, со коса само на страните од главата, а додека бил во егзил не го користел своето вистинско име. Според оваа историчарка, личноста на цртежот за која се верува дека е Ленин, може исто така да биде и некој од неговите болшевички соработници и додава дека Германците ги финансирале Болшевиците, давајќи им милиони марки за подготовка на револуцијата, но Ленин воопшто не бил љубител на Германци.

Во секој случај, сликата која на почетокот од октомври ќе биде понудена на аукција, е вреден артефакт, дури и како алегорична слика која преку паријата шах ги покажува желбата на двајцата диктатори за доминација со светот. [Pictured: Hitler playing chess with Lenin]

- Реклама -