Во виорот на нашата омилена сезона, најчесто мај е време за еден нов пар очила за сонце.
Очилата за сонце се додаток кој може да и даде голем шмек на комплетната визија – да не направи навистина неодоливи, да го покрене нашето расположение, да ни помогне да ги скриеме подочниците или, напротив, да бидат толку впечатливи, што ќе содржат невидлива порака кон сите „Видете ме!“. Најважно е да ги препознаеме оние кои ќе ги почувствуваме како „свои“ веднаш штом ги здогледаме.
Светските брендови оваа година ни нудат инспирација со многу интересни модели, во раскошните дизајнерски дела на Fendi, Max & Co, Giorgio Armani, Boss, Marc Jacobs …
Да погледнеме.