Хит: Ја ставија на листата на најсексипилните жени, но и ја згрешија сликата

Дека Нивес Целзиус „пука“ од сексипил не е никаква тајна, но дека холандското издание на весникот за мажи „FHM“ ја смести на листата на 16 најсексипилни жени е сепак новитет.

Меѓутоа, на својот портал наместо фотографија од провокативната Нивес на 12-та позиција, беше ставена фотографија од некоја друга девојка.

„Благодарам на холандското списание „FHM“ и на високото 12-то место. Можеби ако ми ја погодеа фотографијата ќе влезев и во првите 10 :)“, се пошегува Нивес на сопствена сметка на социјалната мрежа Фејсбук.

slika-nives-celzius-gol-druga-strana-nogometa-slike-7027-1-2