Во последните години на Втората светска војна, сојузниците планираа многу ризична и скапа копнена офанзива на Јапонија. На овој план му претходеше силно бомбардирање на јапонските градови од страна на американската авијација, кое во голема мера уништи многу од нив. Војната во Европа заврши со капитулацијата на Германија на 9-ти мај 1945 година, но Јапонците, соочени со слична судбина, одбија да го потпишат поставениот ултиматум и да го предадат оружјето, па војната наречена Пацифичка – продолжи.
Заедно со Велика Британија и Кина, САД повторно побараа безусловно предавање на сите вооружени јапонски сили, овој пат преку Постдамската Декларација од 26 јули 1945 година – во спротивно, Јапонија ќе се соочи со „брзо и одлучно уништување“. Овие барања Јапонија едноставно ги игнорираше. Истиот месец таа година, САД направија успешна проба на атомските бомби, детонирајќи ги во пустината во Њу Мексико. Тоа беше само увертира на сé што следува.
На 6 август 1945 година, САД фрлија атомска бомба врз Хирошима – Little Boy, базирана на ураниум. 16 часа подоцна претседателот Хари Труман повторно побара предавање, истакнувајќи дека во спротивно, врз Јапонија ќе падне разурнувачка сила каква што никогаш не е видена во историјата на човештвото. Три дена подоцна, фрлена е другата атомска бомба, овој пат врз Нагасаки – Fat Boy, базирана на плутониум. Од последиците на самата експлозија на овие две бомби, загинаа 150 до 200 илјади луѓе. Од историска и пред сé – етичка гледна точка, употребата на атомските бомби во Јапонија се дебатира и ден денес.
Фотографот Жан Чунг ги покажува разорните последици на атомските бомби, но и умешноста на животот да продолжи, т.е. во случајов да се врати во Хирошима. Чепкајќи по градските архиви, тој наоѓа фотографии направени непосредно по експлозиите, кои ги споредува со денешниот изглед на истите тие места.
Хирошима и Нагасаки, селекција од други фотографи