Највпечатливиот дел од новоизградениот трговски центар во Осака, Јапонија нема допирни точки со трговско-продажната намена на објектот. Станува збор за импресивен воден дисплеј, кој го прикажува точното време или моментната температура, а повремено дури и по некоја цветна креација.
Оваа водена атракција претставува спој на водопад и принтер. Формите и дизајните што се прикажуваат се снимени на компјутери, а водениот тек е осветлен за да може да ги репродуцира.
{youtube}gusJeslMbLc{/youtube}