„Знаеш дека и самите политичари денес немаат појма што се случува“
Ако нешто може да се каже за британскиот режисер на документарни филмови – Адам Кертис, е дека неговите филмови се секогаш важни. Во меѓувреме, Адам спрема нов проект за БиБиСи…
Никој денес не говори за моќта. Нé охрабруваат да гледаме на себе како слободни, независни поединци кои никој не ги контролира, а ние ги презираме политичарите бидејќи се корумпирани и немаат никакви идеи.
Но моќта е насекаде околу нас. Само што го има променето правецот и има мутирано во огромен систем на управување и контрола, чии пипци допираат до сите делови на нашите животи. Но ние не ги гледаме, бидејќи уште размислуваме за моќта во некогашната смисла на зборот – за политичари кои ни кажуваат што да правиме.
„Целта на филмот кој го снимив – HyperNormalisation, е да го сврти нашето внимание на таа нова моќ, да ни ја прикаже нејзината вистинска димензија. Таа постои во тој огромен компјутер длабоко во планините на североисточна Америка, кој управува и контролира повеќе од 7% од вкупното богатство на човештвото, од сложени алгоритми кои непрекинато го надгледуваат секое движење и избор кој го правите на интернет, па до модерни научни идеи за тоа како би требало да изгледа нормалното човечко суштество – од тежината, преку емоциите, до расположението“, вели Кертис.
„Она што ги поврзува сите овие системи е сеопштата цел нашиот свет да остане стабилен. Да се избегне секоја промена. Тој џиновски компјутер непрестајно споредува сé што се случува ширум светот со настаните од минатото. Ако некаде увиди опасен образец, тој тогаш веднаш насочува милијарди долари за сé да остане стабилно. Тоа е правата моќ. Алгоритмите на друштвените мрежи непрестајно ги проучуваат обрасците на она што ви се допаѓа и потоа ве хранат со нови количини од тоа истото – за да зачекорите во комората во која одѕвонуваат одеците на истото тоа (echo chamber). И пак, ништо не се менува – а вие нема да научните ништо ново што би се спротивставило на тоа како се чувствувате – и тоа е права моќ.
Она што произлегува е систем кој нас нé маѓепсува и прави да се чувствуваме безбедно. А тоа значи дека сме станале преплашени од промени. Но тој страв од промени е во интерес на системот кој сака сé да одржи стабилно. И нас да нé спречи од секаков обид да го промениме.
Но, невозможно е сé на светот да остане замрзнато засекогаш. Светот е динамичен. Се случуваат нешта кои не можат да се предвидат со едноставно проучување на минатото. Заради тоа нас сé повеќе нé погодуваат настаните – ужас во Сирија, Брегзит, Трамп, десетина илјади бегалци – за кои ни ние, ни нашите лидери немаме доволно ментална моќ да ги разбереме, а камоли да ги решиме. Бидејќи сме се согласиле на сонот дека овој свет може да биде стабилен и безбеден…
Овој краток филм кој го снимив за Vice покажува како, ако малку се повлечете од секојдневието и добро ги погледнете нештата што се случуваат околу вас, можете да ги видите пукнатините кои се појавуваат на светкавата површина на стакленото ѕвоно во кое живееме. Толку што поголемиот дел од модерниот свет почнува да делува чудно, нестварно, а понекогаш и вештачки. Мислам дека се работи за динамички сили вон нашата капсула, кои почнуваат да пробиваат дупки во нашиот систем кој се руши…“.