Радикалните Хиндуси во Индија се со намера да ја прочистат нацијата од странските безалкохолни пијалоци промовирајќи ајурведска замена за кока -колата – пијалок направен од урина на крава.
Радикалните Хиндуси во Индија се со намера да ја прочистат нацијата од
странските безалкохолни пијалоци промовирајќи ајурведски замена –
пијалок направен од урина на крава.
Овој пијалок е еден од последите обиди на Rashtriya Swayamsevak Sangh (RSS)- најголемата и најстарата Хинду националистичка организација која брои милиони членови- за прочистување на Индија од странските влијанија и за промовирање на идеологијата на Hindutva.
Според предводникот на ова движење, Om Prakash, овој пијалок наречен „gau jal“ или преведено од санскрит – Кравја вода, нема да мириса на урина и ќе биде вкусен, покрај тоа што е здрав пијалок. Според неговите зборови „Кравјата вода“ е како останатите газирани сокови, но без токсини, воглавно е направен од урина на крава, помешана со неколку медицински и ајурведски билки и дека ќе може да и биде конкуренција на кока-колата затоа што за разлика од неа таа ќе биде добра за човечкото здравје.