Хилари Клинтон од владејачката Демократска партија победи во првиот круг на дебатите меѓу претендентите за претседателската функција на САД, пренесоа агенциите.
Такво е речиси едногласното мислење на политичките аналитичари и медиумите, по двочасовната јавна дебата што се одржа денеска во Лас Вегас, државата Невада.
Сепак, експертите предупредуваат фаворитот во квалификациската фаза да не се опушта премногу рано, затоа што се очекува трката меѓу демократите да продолжи.