Пуштањето во употреба на хидросистемот доаѓа по неодамнешното усвојување на предлогот на Министерството за животна средина со што по три години, водите во Дојранското Езеро повторно ќе се надополнуваат
По тригодишен застој, од денеска повторно е пуштен во функција Хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од буунарите во Ѓавато ќе се врши дотур на вода во Дојранското Езеро чие ниво поради сушниот период и неработењето на системот се наоѓа на 76 сантиметри под дозволениот минимум со загрижувачки тенденции дека нивото на водата може дополнително да се намали.
„Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се залагаат да се изнајде решение за финансиските средства за во блиска идина да се реконструира целосно овој хидросистем“,
рече вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити.
Меџити рече дека за повторно функционирање на хидросистемот во целост, ќе биде потребна и реконструкција на самиот цевковод, но и набавка на неколку нови потпни пумпи, додека пак пратеникот Миле Цеков од редовите на ЗНАМ, кој беше присутен на денешниот настан кажа дека новата Влада нашла решение за овој проблем за помалку од половина година, додека општинската власт и претходната Влада речиси три години не сакале да се занимаваат со овој проблем.
На Бунарско подрачје Ѓавато моментално има технички исправни три потопни пумпи-пумпите 3, 7 и 8 кои се ставија во функција, а за останатите е потребна реконструкција.