Херој на месецот – Жарко Паспаљ

zarko-paspalj-spasilac-1500-ploca-studija-b-sa-deponije-body-image-1452122633-size_1000

Жарко Паспаљ, спаси 1.500 плочи на Студио Б од депонија

Приватизацијата на медиумите кои беа во сопственост на државата заврши во 2015 година. Тоа е супер. Една рецка на патот кон Европската Унија и нејзините стандарди. Всушност, тоа е веројатно единствената добра работа во процесот на приватизацијата, бидејќи многу радио и ТВ станици веќе исчезнаа или се претворија во комерцијално ѓубре. Многу луѓе останаа без работа, а уште поголем е бројот на оние кои останаа без некои од нивните омилени емисии и автори. Белграѓаните најмногу ги боли судбината на порано култната радио станица Студио Б, од чија програма исчезнаа некои легендарни емисии и луѓе кои го оформуваа музичкиот вкус на многу генерации.

zarko-paspalj-spasilac-1500-ploca-studija-b-sa-deponije-body-image-1452123009-size_1000

Добро, ќе помисли некој, останала архивата и другите докази дека во некои радио станици некои луѓе, често ентузијасти, со децении создавале програми и пуштале музика, без притоа да му падне на памет дека целиот тој материјал може да заврши во депонија.

За среќа, постојат луѓе, кои спасија дел од тие плочи. Едниот од нив се вика Жарко Паспаљ.

Некогаш еден од најдобрите кошаркари на Европа, сега потпретседател на Олимпискиот Комитет на Србија, легендарниот „Паља“ сега е горд сопственик на над 1.500 плочи исфрлени од страна на новото Студио Б.

Паспаљ раскажува дека сé се случило пред околу еден месец. Неговиот добар пријател, радио аматер кој живее на Нов Зеланд, пристигна во Белград. Радио аматерите имаат свои простории блиску до магацинот на Студио Б.

Тој ме повика и рече: „Еј Паљо, тука во Винча нешто се случува со архивата на Студио Б. Тие се приватизираат, насекаде има расфрлани плочи и бета касети. Има некои луѓе, товарат, велат сé ќе оди во депонија, зедов на брзина еден пакет со можеби 200 плочи…“ раскажува Паспаљ.

zarko-paspalj-spasilac-1500-ploca-studija-b-sa-deponije-body-image-1452122010-size_1000

Го прашувам, застани, колку плочи има таму, а тој вели – сигурно неколку илјади. И каде се сега тие плочи исфрлени од магацинот? Тој вели – не знам, некои луѓе дојдоа тука, фрлија сé на куп, земав една кутија, и тие си заминаа. Мислам дека беа од Комунална.

Поминаа три дена и решив да се заинтересирам, ми пречеше дека некој фрла толкава архива плочи. Мислам дека плочите и касетите мора да се чуваат. Почнувам да вртам кај пријатели и да се распрашувам кај многу луѓе, со цел да разберам што се случува со материјалот. Добивам информација дека сите пакети се фрлени во центарот за рециклирање во Вишњица.

Правец Вишњица!

Сé беше сместено во два големи контејнери. Јас и двајца работници почнавме да „копаме“. Плочите беа во феноменална состојба, само кориците беа малку оштетени. Всушност, во тие четири дена да заврнеше дожд, сé ќе пропаднеше.

Успеав да товарам околу 1.500 плочи во автомобилот и да ги префрлам во мојата гаража. Да бидам искрен, не стигнав да прегледам што сé има таму, имаше многу класична музика и домашна рок и поп музика совршено сочувана.

zarko-paspalj-spasilac-1500-ploca-studija-b-sa-deponije-body-image-1452121949-size_1000

За спортистите се зборува дека водат површен социјален и културен живот.

Има вистина во тоа. Порано спортистите барем во музички план беа многу поедуцирани (на пример:Радивое Корач), но, како спортот стануваше посериозен и попрофесионален, остануваше сé помалку време, за работите надвор од теренот.

Сега кога ги имаш овие 1.500 винили, што би ги прашал новите сопственици на Студио Б?

zarko-paspalj-spasilac-1500-ploca-studija-b-sa-deponije-body-image-1452122245-size_1000

Би ги прашал како тоа да не се нашол некој простор каде што тоа би се сочувало? Океј, јас сум сигурен дека најдобриот дел од музиката на студио Б е кај некого на сигурно. Не можам да разберам да се фрлаат работи, особено нешта кои се всушност архивски материјали. Ме радува што овие плочи се кај мене, ветувам дека ќе им го продолжам животниот век.

Се надеваме дека во некоја друга статија ќе пишуваме и за новите газди на Студио Б. Нешто повеќе околу тоа што ги натерало да се ослободат од материјал кој нема цена.

zarko-paspalj-spasilac-1500-ploca-studija-b-sa-deponije-body-image-1452122612-size_1000 zarko-paspalj-spasilac-1500-ploca-studija-b-sa-deponije-body-image-1452122464-size_1000

Вајс

- Реклама -