Хелсинки ќе биде град без автомобили?

Финската престолнина одбива да вози. Планот на официјалните лица е целосно да ги исфрлат автомобилите од сообраќајниот превоз. До 2025-тата година, Хелсинки ќе се стреми да ја усоврши постоечката мрежа на градскиот превоз, трансформирајќи ја во иновативен систем кој на граѓаните ќе им понуди низа пристапни и флексибилни решенија на патување, со правејќи ги автомобилите тотално непотребни.

Се очекува проектот да ги инспирира и останатите големи градови кои се соочуваат со се поголеми сообраќајни проблеми. Според Gardian, со планот е предвидено обединување на сите видови транспорт (автобус, велосипед, такси, траект) во еден синхронизиран систем.

Корисниците ќе можат да изберат дестинација, да дознаат како најлесно можат да стигнат до неа и да платат за превозот преку апликација на смартфонот. Единствено што треба да се направи е да се внесе адресата на тргнување и адресата на дестинацијата, и да се избере превозното средство. Апликацијата ќе биде лесна за употреба и ќе се користи како универзална платформа за плаќање.

Skyline_of_Helsinki_as_seen_from_the_Erottaja_fire_station

- Реклама -