Вчера во Ист Ривер во Њујорк, околу 19 часот, се урна хеликоптер од типот Eurocopter AS350, во кој патувале 6 патници.
Билансот од несреќата е 5 загинати. Преживаел само пилотот, кој бил спасен од луѓе со чамец што минувале во близина на северниот дел на островот Рузвелт, каде што се урнал хеликоптерот.
Двајца од загинатите биле прогласени за мртви на лице место. Останатите починале во болница, каде што биле однесени во критична состојба.