„Хеленска“ плочка и за споменикот на Александар дониран од Џорџ Атанасоски (ВИДЕО)

Табла со објаснување дека се однесува на „античката хеленска историја“ (и на светското културно и историско наследство) денеска доби и споменикот на Александар Македонски на плоштадот „Александрија“ во Прилеп, објави „Сител“.

Се работи за споменик кој е донација од американскиот бизнисмен со прилепско потекло – Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, кој е и сопственик на телевизијата „ТВ Сонце“ и важи за отворен противник на Преспанскиот договор.

Можеби, а можеби и не, тоа е причината за тоа што, како што вели „Сител“, таблата е евидентно мала во споредба со целиот споменик. Што се однесува до (анкетираните) прилепчани, таа и воопшто не треба да биде таму. Прилогот погледнете го ТУКА.

 

- Реклама -