Хејнс: Војната во Украина нема наскоро да заврши

Директорката на американската Национална разузнавачка служба, Аврил Хејнс денеска оцени дека војната во Украина нема наскоро да заврши, а развојот на ситуацијата на домашен и меѓународен план оди во корист на рускиот претседател Владимир Путин.

Хејнс пред Комитетот за вооружени сили при Сенатот изјави дека Русија ги интензивирала нападите врз украинската инфраструктура за да ја намали способноста на Киев да распоредува војници и оружје, да го забави военото производство и да ја принуди Украина да ги разгледа преговорите.

„Сè поагресивните тактики на Путин против Украина, како што се ударите врз енергетската инфраструктура на Украина, имаат за цел да создадат впечаток во Украина дека продолжувањето на борбите само ќе ја зголеми штетата на Украина и нема да понуди пат до победата“, рече Хејнс. 

Прочитајте и:  Поделени мислења во ЕП: Едни бараат безрезервна поддршка за Украина, други обвинуваат и предупредуваат на нуклеарна апокалипса
- Реклама -