Хејдари: Нападот на Иран го скрши табуто за Израел и покажа дека одбраната им е послаба од пајажина

Нападот на Иран врз Израел минатиот викенд покажа колку е слаба одбранбената моќ на Израел, изјави денеска командантот на копнените сили на иранската армија, генерал Киомарс Хејдари, кој го предупреди Тел Авив дека ниту еден од неговите „непријателски потези“ нема да остане неказнет.

Хејдари истакна дека Иран започна одмазднички напад врз Израел откако израелската армија изврши напад врз иранскиот конзулат во Дамаск и дека тоа е направено на барање на иранската нација, пренесе агенцијата Тасним.

Тој оцени дека при нападот со беспилотни летала врз Израел се докажало дека одбранбените стратегии на Израел се „послаби од пајажина“.

Иранските вооружени сили го скршија табуто за способностите на израелскиот режим, ја покажаа својата моќ, јасно ставија до знаење дека помина времето на тактиката „удри и бегај“ и дефинираа нови правила за регионот, рече командантот.

Прочитајте и:  Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа

Ајатолахот Хамнеи, врховниот командант на иранските вооружени сили, нагласи дека воената подготвеност на земјата ќе делува како одвраќање против непријателот, повикувајќи на будност пред „елемените кои планираат завери“.

Единиците на иранската армија денеска ќе учествуваат на воените паради ширум земјата за да го прослават Денот на националната армија.

Иран во саботата и неделата, лансираше стотици беспилотни летала и крстаречки ракети кон Израел, во знак, како што наведе, одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загина командантот на Иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамед Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружувале.

- Реклама -