Поздравете се со Шабани (Shabani). Има 19 години и од 2007 година живее во зоолошката Хигашијама во Нагоја, Јапонија.
Ко за горила, Шабани е неверојатно шмекериште. Јапонците го викаат ikemen – „згоден момак“. Можете да ги обвините? Видете го само тој поглед…
Ај што неверојатно го бива за фото-сесии, ама знае и да танцува (многу подобро од тебе).
Шабани му припаѓа на вид на горили кои спаѓа во загрозените видови. По потекло се од централна Америка, а често ги ловат поради нивната кожа и месо, или за да им ги продадат на зоолошките.
Во јапонската зоолошка е преместен како дел од програма за размножување на горили. Испадна дека не е пастув само кога позира; во Хигашијама смени две „жени“ и сега има 2 деца (Кијомаси и Ени).
До толку е популарен, што зоолошката го направи официјален портпарол.
А Јапан ко Јапан, од сé што е популарно прави производи.
Е тоа е. Сé е лесно кога си убав.