Хефнер ѝ нуди 30.000 долари на Станија за нова реалити емисија!

Иако таа одлучи да  стави крај на студиите на Економскиот факултет во Нови Сад, Станија Добројевиќ ќе мора да го одложи образованието со оглед на тоа дека добила понуда која не може да се одбие.

Основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер ја поканил да учествува во неговата нова шоу програма со хонорар од 30.000 долари! Како што дознаваат српските медиуми, веднаш по понудата да снима реалити емисија во Србија со Сораја Вучевиќ, Станија преку менаџерот на Хју Хефнер, во чија вила своевремено престојувала и за чиј магазин позирала гола, добила покана да учествува во новиот ТВ проект во Америка.

– Станија со Сораја Вучевиќ неодамна добија понуда да снимаат реалити емисија за телевизијата „Пинк“, која ќе биде по примерот на сестрите Кардашијан, но набрзо по тоа доби и покана која многу ја изненади. Основачот на „Плејбој“ магазинот ја покани да учествува во неговото реалити шоу кое ќе се снима во Америка, а во кое таа би претставувала девојка од Балканот. Таа беше шокирана од понудата, особено откако ѝ беше понудено сума од 30.000 долари- изјавил извор близок на старлетата.

– Кога станува збор за Станија, таа е многу одговорна и не сака да брза. Со своето семејство ќе се советува околу новите деловни анфажмани за да ја донесе правилната одлука. А дали ќе отпатува на „Плејбој“ имотот или ќе остане во Србија, сеуште ни таа не знае- дополнува изворот.

- Реклама -