Премиерниот филмски канал HBO со гордост ја најавува ексклузивната премиера на серијата „Вистински детектив“ од оригиналната HBO продукција. Главните улоги ги толкуваат Метју Меконахи и Вуди Харелсон, а премиерата е закажана на 13-ти јануари во 20.05 часот. Новата епизода ќе се емитува во понеделник во истиот термин.
Само неколку дена по американската премиера, првата епизода од новата серија ќе биде достапна за сите преку услугите на HBO GO.
Метју Меконахи и Вуди Харелсон глумат во драмата која зборува за двајца полициски детективи од Лузијана и го истражуваат нивниот личен и професионален однос за време на 17-годишниот лов на суровиот ритуален убиец.
Мистеријата трае низ времето, ги менува нивните животи и го нарушува нивното партнерство, принудувајќи секој човек да научи која е цената на измама и одмазда.