Што е првата работа што ќе ја направите откако ќе завршите со работа на најпопуларната ТВ серија на планетава? Ќе прифатите улога на негативец во Холивудски римејк. Што друго?
Хју Лори се согласил да го игра претседателот на Omni Corp во римејкот на “RoboCop”. И иако публиката е навикната да го гледа Лори како непријатна личност, би можеле да се изненадени од лик кој е едноставно лош. Претседателот во оригиналниот филм бил игран од ирскиот актер Даниел О’Херли и сега повторно улогата ја добива актер од британските острови.
Долготрајната серија „Хаус“ во која Лори го играше истоимениот мрачен но брилијантен лик заврши овој мај. Серијата, гледана од 81,8 милиони луѓе во 66 земји, стана најгледаната ТВ програма во светот во 2008, доби 5 Еми награди во нејзините осум сезони и на Лори му донесе два Златни Глобуси, две SAG награди и други награди но не и Еми.
“RoboCop” е предвиден за премиера во 2013 и работи со буџет од околу 100 милиони долари. Улогата на киборгот RoboCop, која во оригиналниот филм му припаѓаше на Питер Велер, ќе ја преземе Швеѓанецот Џоел Кинаман – кој во моментов игра во “The Killing” на AMC.
Гери Олдман и Семјуел Л. Џексон исто така прифатиле да учествуваат во проектот, како и Аби Корниш. Олдман ќе го глуми научникот кој го создава RoboCop, Нортон, Џексон ќе глуми харизматичен медијски могул а Корниш ќе биде сопругата на Нортон. Лори исто така глуми и во воена драма “Mr. Pip”, базирана на истоимен роман. [Hugh Lauri signs on for juicy ‘RoboCop’ role]