Хари и Меган Маркл купија куќа во Европа

Принцот Хари (40) и Меган Маркл (43) купиле имот во Европа. Како што пренесува Дејли Мејл, парот купил куќа во сончевата и топла Португалија, што следело откако кралот Чарлс (75) минатата година одлучил дека двојката повеќе не може да престојува во Фрогмор Вила.Како што се шпекулира, тоа им дало право на златна виза, која им дава пристап до Шенген зоната на Европската унија. Ова би било голема привилегија за Меган, која е американски државјанин, пренесуваат медиумите во регионот.Тие не се единствените членови на кралското семејство кои решиле да купат имот во Португалија. Братучедата на Хари, принцезата Јуџин (34) и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк (38) поседуваат куќа во луксузен комплекс покрај морето во Мелидес, јужно од Лисабон.Не е познато дали тоа дополнително го мотивирало Хари да купи куќа таму.Откако се сврши со Хари во ноември 2017 година, палатата Кенсингтон објави дека Меган во догледно време ќе поднесе барање за британско државјанство.Портпаролот потврди дека ќе помине низ процес кој трае неколку години, но војвотката на крајот се откажала од тоа, наводно, затоа што со принцот се преселила во Америка во 2020 година.Кралската двојка имаше можност порано да ја посети Португалија. Минатата година таму уживаа во романтичен одмор на кој тајно отпатуваа по Invictus Games во Германија. Ова го потврди Хозе Сантос, шеф на туристичкиот одбор на регионот Алентехо, пишува „24sata.hr“.Текстот Хари и Меган Маркл купија куќа во Европа е превземен од МАКФАКС.
Извор