Хард-дисковите со капацитет од 10 терабајти стануваат реалност

На Linux евентот во Бостон, HGST филијалата на компанијата Western Digital го презентираше својот хард диск со капацитет од 10TB.

За сега, хард дискот, наречен „10TB SMR HelioSeal HDD“, е наменет само за бизнис корисниците. Меѓутоа, во иднина е многу веројатно некој од неговите наследници да се најде и во вашиот десктоп компјутер, барем ако корисниците и натаму продолжат да користат хард дискови наместо новите SSD модели.

10tb

Инаку, 10TB SMR HelioSeal HDD работи на принцип на SMR (Shingled Magnetic Recording) технологија, која му ја зголемува густината, а со тоа овозможува и складирање на повеќе податоци. Дискот е запечатен и исполнет со хелиумски гас – оттаму и ознаката „HelioSeal“ во називот.

Цената не е објавена, а се очекува хард дискот да се појави во продажба во текот на второто тромесечје од 2015-та.

- Реклама -