Happy Hour: Научете како се прави мохито!

Некои коктели и не се некоја огромна филозофија за да не можете да научите да ги подготвувате и самите. Денес ви го претставуваме рецептот за мохито.

Состојки:

– 3 лажички кафеав шеќер
– 1 свеж зелен лимон
– 1 дл бел рум (Havana Club или некој друг)
– 2 дл тоник
– 4 листови свежо нане
– 4 лажици дробен мраз

Подготовка:

Спремете две чаши од 2 дл. Зелениот лимон добро измијте го, пресечете го на пола, и исцедете го сокот.

Во чашите сипете по лажичка и пол шеќер, и додадете го сокот од зелен лимон. Претходно изгмеченото нане ставете го во чаша, додадете лед, рум а потоа и тоник.

На здравје!

- Реклама -