По гласањето во германскиот Бундестаг, каде со убедливо мнозинство германските пратеници поддржаа земјава во октомври да добие датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, задоволен беше и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика – Јоханес Хан.
На Твитер, тој срдечно ја поздрави одлуката на Бундестагот за Северна Македонија и Албанија, но порача и, меѓу редови, дека позитивна одлука е потребна и во октомври од земјите членки:
„Препознавањето и потврдата на конкретниот прогрес се клучни за да служат за поттик за реформи на Западниот Балкан, но (се клучни) и за кредибилитетот на ЕУ!“, порача Хан.
Very much welcome today’s vote in #German #Bundestag in favour of opening #accession negotiations with #NorthMacedonia and #Albania in October. Acknowledgement of concrete progress is key as incentive for reforms in the #WesternBalkans and for #EU’s credibility! @cducsubt @spdbt
— Johannes Hahn (@JHahnEU) September 26, 2019