Хан: Честитки за Пендаровски, ЕУ ќе одговори на европските аспирации на народот на Северна Македонија

Добредојде на позицијата претседател на Северна Македонија за Стево Пендаровски стигна и од еврокомесарот за проширување – Јоханес Хан. На Твитер, тој напиша дека со ентузијазам гледа кон идната соработка со властите на Северна Македонија на полето на ЕУ реформите, а во насока на почеток на преговорите со Унијата веќе во јуни годинава.

„Северна Македонија може да смета на понатамошната поддршка од ЕУ во нејзините перспективи за членство во Унијата, со што (ЕУ) ќе одговори на силните европски аспирации на нејзиниот народ“, додаде Хан.

Прочитајте и:  Србија се усогласи со пет одлуки на ЕУ, но не и со мерките против лидерите на Придњестровје
- Реклама -