Хамнеи обвини дека САД управуваат со израелските напади врз Газа, порача дека „идниот свет е светот на Палестина“

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги обвини САД дека управуваат со израелските напади врз Појасот Газа.

„САД управуваат со злосторството што се врши во Газа. Америка дефинитивно е соучесник на криминалците“, наведе Хамнеи.

Тој додаде дека рацете на Американците се „извалкани со крвта на угнетените, децата, пациентите, жените и други“.

„Нека знаат сите дека во ова прашање и во идните прашања, палестинската нација е победник, а идниот свет е светот на Палестина, а не светот на ционистичкиот режим“, посочи Хамнеи.

По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и почетокот на конфликтот, САД во источниот Медитеран за поддршка распоредија два носачи на авиони и бродови.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

МИА

- Реклама -