Ако мислите дека хамбургерот купен во ресторан за брза храна е најубав, се лажете. Со овој лесен рецепт дајте му нова смисла на хамбургерот.
Состојки: 1 лажица маслиново масло, 1 лажичка путер, голема главица кромид исецкан ситно, 1 лажичка темјан, 1 лажичка сенф, половина килограм јунешко месо, сол, бибер, 1 шише пиво, поголем домат исецкан на тенки кругови, тост кашкавал, леб
Подготовка: Во тава помешајте зејтин и путер. Оставете да се загреат на тивок оган, а потоа додајте го кромидот. Кога ќе омекне додајте ги сенфот и темјанот, посолете и додајте го пивото. Оставете ја смесата на оган со среден интензитет додека течноста не испари и состојките се претворат во маса слична на сос.
За тоа време посолете и побиберете го месото и од него направете четири плескавици. Испечете ги на скара, тостер или испржете ги. Кога ќе бидат при крај, испечете четири кришки леб. Кога ќе биде готов прелијте го со топлиот сос од пиво, потоа ставете по едно парче месо на лебот. На топла плескавица ставете лист кашкавал, парче домат и круг кромид.
Добар апетит!