ХАМБУРГЕР-РЕВОЛУЦИЈА

F96F4259BB16DB46AB0E398B6B2D2C41Време е за револуција! У земјата на пифтијадите, скаријадите, ракииадите, ајверијадите, да опнеш данок за мрснотии, ти е исто ко да решиш да ја затвориш Црвената улица у Амстердам. Ние курви си неаме шо мавтаат у излог. Неаме ниту гимнастичари, атлетичари, пливачи или тенисери. Али гнетачи и конзуматори на мрсно колку и да сакаш. Да беше ждерењето олимписка дисциплина, немаше да ни бега медал од Олимпијадата. Па заради тоа кркање и дојдовме до овде. Народов ни се подели, очи брат на брат си ископа за тоа пусто ждерење. Од ненајаденост почнавме очите да си ги вадиме. Само устата да ни е полна, да ни тече мрсно по прстите е доволно.Затоа по градов нема кафиќи али има кафани колку сакаш! И тоа големи колку касарни. Корне на скара на сите страни и сите се редовно прејадени. Дури и мачките кои дремат пред кафаните се дебели као галички тапани…

Животно сум заинтересиран како во иднина ќе изгледа на пример, Пиво-фестот во Прилеп. Куртизаните, Шабаните и трубачите ќе продефилираат низ градот, во кој редовно се јадат по 1000 тони плескавици. Пиво ќе пиеме на голо a а рефрените на Шабан и Сека ќе ги пееме со суво грозје и мушмули.

Посебно ќе биде интересна маршутатата после пијанчење у град, Моментот кога појаните муцки ќе ги обесиме пред сендвичарата ВИЛИ или популарната 7-ца, ќе биде исто ко да сме ја обесиле муцката на шалтер у УЈП, за пополнување даночна пријава. Фоките кои демек џогираат и кои се на диета само додека кажуваат: ЈАС СУМ НА ДИЕТА, ќе мораат со фантомки да идат пред бурекџилница. Или Бурек да нарачуваат преку своите анорексични другарки. Не иде никако мајку му. Општеството ќе ни крахира. Дури и љубителите на политички митинзи и гага сендвичи ќе мора да се преваспитаат на риба Сардина и интегрален леб. Ауччч. Неееее….

Затоа јадачи драги! Излезете на улица Илинденска со фритезите, чварките, саламите, пушените сланини и покажете им го средниот прст! Да напраиме еден пикник пред Влада каде ќе се вртат јагниња, прасиња и телиња. Нека задими се до кабинетот на министерот. Он е секако љубител на мрсно а тоа со законот нема никаква врска дека он нема да се симне да сецне од тоа мевцето. Е тогаш викнете го оној лудакон Саше Политико со микрофонот и батакот во раце и да му постави прашање: ДАЛИ ОВА ЗНАЧИ ДЕКА ГО ПОВЛЕКУВАТЕ ЗАКОНОТ МИНИСТРЕ(СЕ ЗАБРИШУВА И СЕ СЕЦНУВА ОД НЕКАДЕ ДА НЕ ПОПИЕ ШАМАР) А одговорот е многу едноставен. Народот на избори ќе одлучи дали ќе јаде мрсно или не драги мои. Ако има партија за мрсно јадење у земјава, таа без конкуренција ќе заокружи победа со 63 пратеника. Без хорот од македонската филхармонија, секако…

НАПИША:БУЛЕВАРКО

- Реклама -