Хамас засега не сака да чуе за размена на затвореници со Израел

Палестинската исламистичка група Хамас не е отворена за преговори за размена на затвореници со Израел за време на воените дејствија. Тоа денеска за западни медиуми го изјави член на политичката канцеларија на милитантите во Доха.

„Воената операција сè уште трае… затоа во моментов нема шанси за преговори за прашањето на затворениците или нешто друго“, изјави Хосам Бадран, претставник на Хамас.

МИА

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху
- Реклама -