Хамас во Газа однеле и мртви тела како „заложници“, тврдат ИДФ

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија ново соопштение со информации за 200-те заложници кои моментално се држат во Појасот Газа.

„Повеќе од 20 од нив се деца помлади од 18 години. Помеѓу 10 и 20 од нив се постари од 60 години. Повеќето од заложниците се живи“, се вели во извештајот.

Во соопштението на ИДФ, исто така, се вели дека мртви тела биле „однесени како заложници“ во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Би-Би-Си претходно јави дека Хамас понудил да ослободи некои од заложниците во замена за итен прекин на огнот за време на разговорите за ослободување на многу од околу 203 заложници кои се држат во Газа.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

Според британскиот медиуми, Хамас не ги држи сите заложници. Некои се задржани од други вооружени милитантни групи.

Тоа што се уште се заробени во Газа, ја компликува ситуацијата на израелските команданти кои планираат упад на територијата. Очигледно, заложниците имаат многу поголеми шанси да излезат живи ако тоа може да се направи со преговори, коментира Би-Би-Си.

МИА

- Реклама -