Хамас ослободи уште две заложнички, сега Израелки… Сомневањата се дека купува време

Уште два заложника се ослободени од страна на Хамас, благодарение на медијацијата на Катар и Египет, објави CNN, откако добиле потврда од две официјални израелски лица и уште два други извора запознаени со деталите.

Спроед изворите, ослободените заложници се израелски граѓани и биле предадени на Црвениот Крст.

Спроед едниот од официјалните израелски извори, се работи за две жени. Според другиот официјален извор, тие сè уште не се пристигнати во Израел.

„Дефинитивно постои чувство дека Хамас ги трампа заложниците за да купува време. Колку сме подалеку од 7 октомври (денот кога Хамас го изврши нападот, н.з.), толку повеќе меѓународната перцепција преминува од бес/хорор кон повици да се биде рационален“, изјавил претходно официјален американски претставник на новинарско прашање околу американските државјани меѓу заложниците.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

ДОПОЛНЕТО: И Хамас соопшти дека ослободил две заложнички.

„Ги ослободивме двете затворенички имајќи на ум дека непријателот (Израел) од петокот одбиваше да ги прими. Ги ослободивме поради значителни хуманитарни и здравствени причини“, изјавил портпаролот на Хамас, Абу Обаида.

Како што посочува CNN, во неделата Израел рече дека нема да одговори на тврдењата на Хамас дека „се подготвени“ да ослободат уште двајца заложници, карактеризирајќи ги како „лажлива пропаганда“.

Од CNN побарале коментар од израелската војска, но тие одбиле да го коментираат соопштението. И од кабинетот на Нетанјаху одговориле дека немаат коментар.

- Реклама -