Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека најмалку 109 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа откако утрово заврши привремениот прекин на огнот.
Израелската армија претходно соопшти дека ги продолжила борбените операции против Хамас во Појасот Газа и оти нејзините авиони извршуваат серија воздушни напади врз цели на милитантната група.
Исто така, тврди дека Хамас ги прекршил условите на привременото примирје и оти истрелал ракета кон израелска територија непосредно пред истекот на примирјето утринава во шест часот по локално време.
МИА