Хамас ќе убива по еден израелски заложник за секој „напад врз цивили“ во Газа, а егзекуциите ќе ги емитува

Военото крило на Хамас – Бригадите ал-Касам – се заканија дека ќе ги погубат израелските заробеници доколку Израел продолжи да бомбардира и убива цивили во Газа.

„Секое таргетирање на невини цивили без предупредување ќе биде со егзекуција на еден од заробениците во нашиот притвор, а ние ќе бидеме принудени да ја емитуваме оваа егзекуција“, рече Абу Обеида, портпарол на бригадите Касам на Хамас.

„Жалиме за оваа одлука, но го сметаме ционистичкиот непријател (Израел) и нивното раководство за одговорни за тоа“, рече тој.

Хамас објави дека распоредува 1.000 припадници на специјалните единици за напад на Израел, изјави денеска извор близок до групата.

Како што наведе, Хамас се подготвува да го изврши најразорниот напад врз Израел во изминатите децении.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Шефот на израелската дипломатија, Ели Коен, пак, денеска изјави дека повеќе од 100 луѓе биле заробени од Хамас во смртоносниот прекуграничен напд за време на викендот.

Извор: МИА

- Реклама -